APOSORIA-naslov-mk

Belupo Skin Solutions АПСОРИА - смирувачки крем и емулзија во спреј за хидратација на сува и иритирана кожа.

Belupo Skin Solutions АПСОРИА е смирувачки крем наменет за хидратација на сува и иритирана кожа, додека Belupo Skin Solutions АПСОРИА е смирувачка емулзија во спреј, наменет за хидратација и навлажнување на сува и иритирана кожа, идеален и за скалпот и за телото.

Предности

Внимателно одбраните состојки, вклучувајќи кокосово масло, бадемово масло и пантенол, делуваат како идеална основа за регенерација на кожата, обезбедувајќи долготрајна заштита од сушење. Формулата богата со растителни екстракти, ја намалува непријатноста и сувоста на кожата, симптоми поврзани со псоријатична кожа. Природните емолиенти помагаат во задржувањето на влагата, правејќи ја кожата поеластична и отпорна на надворешни влијанија.

Покрај хидратацијата, производите имаат и силно антиинфламаторно и смирувачко дејство. Екстрактите од лист од широколистен тегавец, корен од силина и кора од морски бор се познати по своите регенеративни својства и помагаат во намалувањето на црвенилото и иритацијата. Овие растителни екстракти имаат смирувачко дејство, што ги прави производите на АПСОРИА погодни за луѓе со чувствителна и иритирана кожа.

Примена

Кремот или емулзијата се нанесува на чиста кожа неколку пати на ден. За максимална ефикасност, се препорачува да не се чисти третираната површина 2 до 3 часа по нанесувањето на производот.

Ефикасна
нега за кожа
склона кон лупење

Apsoria-velika-uz-sastojke2
primorski-bor

Екстракт од кора од морски бор

Против иритација, антиинфламаторно дејство

pantenol2

Пантенол, бадемово и кокосово масло

Омекнувачки, антибактериски и хидратантен ефект

plod-masline

Масло од плод на маслина

Хидратација, заштита и обновување на кожата, нега на кожата

licilarski-vrbovnik

Екстракт од корен од силина

Антиоксиданс, модулатор на пролиферација и диференцијација на кератиноцити

trputac-2

Екстрактите од лист од широколистен тегавец

Заздравување на рани, антиинфламаторно дејство

Псоријаза

Може да се јави кај секого, на која било возраст, но најчесто се јавува помеѓу 15 и 40 години, имунолошки е посредувана и е една од најчестите кожни заболувања.

Карактеристични знаци и симптоми

Карактеристични знаци и симптоми на псоријаза вклучуваат црвени дамки на кожата покриени со густи, сребрени лушпи, мали лушпести лезии (често присутни кај деца), сува и испукана кожа која може да крвари, чешање, печење или болка, како и задебелени, вдлабнати или груби нокти.

Болеста се карактеризира со хроничен тек со наизменични периоди на влошување и ремисија. Се развива врз основа на комплексна генетска предиспозиција и често се јавува кај неколку генерации на семејството. Сепак, може да се појави и без позната семејна историја или познати генетски врски.

Препораки за нега на кожата

  1. Редовна и интензивна хидратација
  2. Нежни методи на чистење
  3. Примена на терапија по препорака на дерматолог
  4. Избегнување на предизвикувачи и иританти

Улогата на дермокозметиката во третманот на псоријаза

Дермокозметичките препарати, најчесто во форма на емолиенти и емулзии, се неопходен дел од локалната терапија за псоријаза. Позитивните ефекти на емолиентните препарати се базираат на неколку механизми на дејство:

  • тие задржуваат вода во рожестиот слој на епидермисот, со што ја поттикнуваат хидратацијата на кожата;
  • ја обновуваат оштетената заштитна бариера на кожата (заштитната бариера на кожата кај пациенти со псоријаза е оштетена поради самата болест и честопати од иритирачкото дејство на локалната фармаколошка терапија);
  • го ублажуваат чешањето (чешањето може да предизвика влошување на псоријазата, бидејќи гребењето на кожата може да предизвика формирање на нови лезии на местата на оштетување на кожата)
  • го намалуваат лупењето и сувоста на кожата
  • емолиентните дермокозметички препарати содржат биоактивни состојки кои можат да имаат антиинфламаторно и смирувачко дејство врз кожата.

Откријте ги другите Belupo Skin Solutions производи

Askar vezani

АСКАР гел

Belupo Skin Solutions АСКАР - смирувачки гел кој помага во омекнување, измазнување и намалување на траги од лузни.

Alba vezani

АЛБА крема

Belupo Skin Solutions АЛБА - хидратантен крем за лице за рамномерен тен и осветлување на кожата на лицето.

Scroll to Top